International Festivals in Macedonia

X-DANCE

“X-DANCE“ е меѓународен натпревар на кореографија на кој што учествуваат танчери од целиот свет и натпреварот нема возрасно ограничување. “X-DANCE“ е натпревар за сите видови на танци.

Се одржува секоја година во втората половина на јуни, во Струга на брегот на Охридското езеро.

ПОВЕЌЕ

Хорски Форум

Меѓународниот хорски форум се одржува секоја година Струга, на брегот на Охридското езеро, во втората половина на јуни. На форумот доаѓаат хорови од целиот свет и за време на нивниот престој секојдневно работат со познати диригенти на нивно усовршување, како и на изучување на македонската хорска музика.

Покрај Мастер класовите, се одржуваат и многу концерти на кои што хоровите се претставуваат со својот репертоар.

ПОВЕЌЕ

Езерски бисери

Меѓународниот арт фестивал – натпревар “Езерски бисери“ е натпревар на уметноста. Доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите дисциплини. Нивниот настап го отценува професионално меѓународно жири кое што после натпреварот одржува бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори.

Натпреварот се одржува секоја година во Струга на прекрасното Охридско езеро во првата половина на август.

ПОВЕЌЕ

ЅВЕЗДИЧКИ

Интернационалниот детски музички фестивал “Ѕвездички“ се состои од два дела. Едниот дел е натпревар за најдобар вокал, а другиот е натпревар за најдобра детска авторска песна.

На фестивалот учествуваат деца од целиот свет на возраст до 14 години. Се одржува секоја година во првата половина на октомври во градот Прилеп.

ПОВЕЌЕ